Македонија

„Фершпед“ ја продаде винаријата „Сковин“

28 Nov 2019

Скопската винарија „Сковин“, која беше во сопственост на шпедитерското друштво „Фершпед“ ги продаде имотот, залихите и брендовите, објави  „Македонска берза“.

Според одлуката за склучената зделка, недвижниот имот (деловни и помошни простории и градежно земјиште), подвижниот имот (инвертар, возила и механизација) и залихите (шишиња и етикети согласно спецификација од 16 август годинава) се продадени за околу 3,5 милиони евра на скопската фирма „Винарија Сковин Група“.

Во известувањето стои дека трговските марки, односно околу 20 брендови на вино и жесток алкохол кои сега ги произведува „Сковин“ ќе му бидат пренесени на SIAK PTE LTD од Сингапур за околу 5.000 евра.

Продажбата следува откако минатата 2018 година винаријата ја заврши со загуба од 1,8 милиони евра, додека во 2017 и во 2016 година добивката изнесуваше по околу 4.000 - 5.000 евра.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...