GS1 Македонија по третпат организира отворен ден за бизнис-зедницата со атрактивни теми, оваа година поврзани со новите трендови и иновации во областа на транспортот и логистиката.
Темата на настанот е „Со GS1 стандардите за менаџмент во транспортот и логистиката до зголемена конкурентност, бизнис раст и дигитализација" и ќе се одржи на 28 ноември 2019 година, со почеток во 10:00 часот, во хотел „Александар палас“ (Конгрес сала 2).
Целта е размена на искуства и успешни практики, како и остварување и зацврстување на деловните контакти. Овој настан е од едукативна и информативна природа, се одржува еднаш годишно и на него без надокнада може да присуствуваат сите заинтересерани компании.
Шпедитерите и логистичките компании во светот работат во динамично опкружување кое поставува високи барања за економска, еколошка и социјална одржливост. Дигитализацијата го менува однесувањето на потрошувачите, како и производствените и продажните стратегии на индустријата и трговијата. Како резултат на иновациите во процесите и технологијата, се креираат нови логистички решенија. Истовремено иновациите доведуваат и до прегрупирање на учесниците на пазарот.
Компании заслужуваат да бидат подготвени да одговорат на новите предизвици со цел да го прошират својот пазар, да стекнат нови деловни партнери и потрошувачи како во државата така и надвор од нашите граници.
Затоа GS1 Македонија ги поканува сите компании да присуствуваат и да ги слушнат избраните предавачи кои ќе ги изнесат своите искуства во секојдневното работење во областите на транспортот и логистиката, обезбедување на процесот на следливост како неизоставен дел од логистичките процеси.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.