Македонија

Македонија сега е 17-та на листата на „Дуинг бизнис“

24 Oct 2019

Македонија е на 17 место на листата на „Дуинг бизнис“ на Светска банка за оваа година, стои во најновиот извештај на светските банкари. 

Минатата година земјава беше на 10 место на листата. Од Светска банка објаснуваат дека оваа година е сменета методологијата за пресметка.  

Северна Макердонија во извештајот е спомената како една од најдобрите 20 држави во светот за водење бизнис. 
Оваа листа мери неколку критериуми: процедурите за отворање и затворање фирма, даночната регулатива, брзината на добивање струја, други дозволи, како и пристапот до кредитни средства за компаниите.

За Северна Македонија во извештајот се наведува дека ја намали должината на пробен период (до четири месеци од шест), воведе приоритетни правила во случајот со отпуштања од работа и преименување и зголеми исплати за отпремнина.

Се наведува и дека Северна Македонија го олесни спроведувањето на договорите со поедноставување на пресметката на такси за извршување и целокупниот процес го прави поевтин. За вработување работници, се вели дека Северна Македонија ги смени работните регулативи во пробниот период, приоритетните правила за време на отпуштање од работа и повторна работа и повлекување плаќања. Се додава дека Европа и Централна Азија се дом на две од најдобрите 20 најдобри места во светот за водење бизнис - и тоа Грузија (7) и Северна Македонија (17-та). 

Економиите во Европа и Централна Азија продолжуваат да постигнуваат значителен напредок во овозможување на претприемништво и промовирање на економски развој, рече Сантијаго Кроус Даунс, програмски менаџер на единицата „Дуинг бизнис“. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...