Стопанската Комора денеска одбележа 97 години од своето постоење и по тој повод додели признанија и награди за компании и поединци кои дале придонес во развојот на економијата и коморското здружување.
Наградите беа доделени во 10 категории. „Алкалоид“ АД Скопје доби награда за најголеми реализирани инвестиции. „Даути Комерц“ и „КАМ“ се добитници на наградата за инвестиции во странство што ќе поттикнат извоз на македонски производи. Награди и признанија добија и компании од другите сектори, меѓу кои и „Џонсон Мети“, „Сивус“, „Леарница“-Охрид....
Наша заедничка цел како мала земја е да постигнеме повисоки стапки на раст од просекот на регионот, да ги стимулираме оние што создаваат нова вредност, а тоа е реалниот сектор, рече Бранко Азески, претседател на Стопанска комора.
Покрај него, идејата која потекна од коморскиот инвестициски форум ја образложија и претседателот на Српската комора на Србија, Жанко Чадо и на Стопанската комора на Косово, Берат Рукиќи.
Ние сме мали земји и не можеме да играме со големите компании светски играчи, затоа треба да се здружиме и да понудиме еден добар производ кој ќе биде конкурентен. Само така ќе може да се поврземе со светските брендови, рече Чадо.
Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, нагласи дека Стопанската комора на Македонија е една од организациите која е најдолговечна во земјата и ретко која организација може да се пофали со 97 годишно постоење.
Комората ја препознавам како место кадешто се развива македонската економија, во соработка со другите комори, со најголем број на членки кои во голема мера го создааваат бруто домашниот производ, рече Анѓушев.
Зачетоците на коморското организирање во Македонија датираат од 1922 година. Комората од 1970 година почна со доделување на Првомајската награда. Во 1994 година таа се преименува во Награда на Стопанската комора на Македонија и се доделува по повод Денот на комората – 18 февруари.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.