Покрај многубројните држави во кои извезува, „Макпрогрес" почна со извоз и во Јужна Кореја.
Тоа е нова земја каде потрошувачите може да ги вкусат производите на оваа компанија.
Од компанијата велат дека успехот се должи на квалитетот и прифатливите цени на производите и секако на развојната стратегија на компанијата да оствари диверзифициран пласман во што поголем број земји. Јужна Кореја е последната земја на светската извозна мапа на „Макпрогрес", која во моментов своите брендови ги пласира во повеќе од 55 држави во светот.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.