По денешната посета на маркетите во Скопје, министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши истакна дека цените на производите од новогодишната кошница што почна на 15. месецов се намалени за 10 проценти и повеќе.
Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојаноски, посочи дека регистрирал ситни забелешки во однос на означувањето на производите и ситни корекции кај цените на два-три трговски субјекти. Инспекторите не регистрирале отстапување од договореното за поевтинување на производите за 10 проценти во однос на нивната најниска цена во последните 30 дена пред почетокот на акцијата. Листата со производи од акцијата, како што соопштија, од стартните 600 надминала 1.100 и таа останува отворена.
Задоволство ми е што за кратко време успеавме да ја реализираме оваа акција која очекуваме да даде поголем резултат од есенската кошница. Во есенската кошница беа опфатени 73 групи на производи, а сега се 1098 производи, очекуваме дека ефектот од Новогодишната кошница да биде поголем, истакна Дурмиши.
Извор: „Алсат“
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.