Македонија

„Кам“ е најпрефериран синџир на маркети

08 Nov 2024

Според истражувањето „Преферирани ланци на маркети и најпознати брендови за 2024-та година” што го спроведе  „Инсајдер ИД“,  „Кам маркет“, осма година по ред ја држи првата позицијата како префериран маркет во кој потрошувачите пазарат . На второто место во оваа категорија е „Стокомак“, а третото место го делат „Тинекс“ и „Кипер“ .

Во рангирањето на маркети според лојалноста на потрошувачите на првото место е „Кам маркет“, „Веро“ е на второто место, а „Стокомак“ е треторангиран.

Според истражувањето, најдобар сооднос помеѓу цената и квалитетот на производите има „Кам маркет“ според 40% од потрошувачите и истиот маркет има најдобра локациска покриеност со 39% учество.

Агенцијата за истражување и консалтинг „Инсајдер ИД“, го спроведе истражувањето „Преферирани ланци на маркети и најпознати брендови за 2024-та година” за кое е користен репрезентативен примерок од повеќе од 1,300 активни потрошувачи. Агенцијата 8-ма година по ред прогласува ТОП 3 преферирани ланци на маркети и 5-та година по ред Најпознати Брендови според потрошувачите во Македонија.

Во истражувањето се прогласуваат и категориите како „Најмодерен маркет“, „Најдобар сооднос на цена-квалитет“, „Маркет со најдобра локациска покриеност и посебната категорија на најдобар Интернет Маркет“.

Детални информации за истражувањето можете да видите на линкот.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...