„Виталиа“, водечкиот бренд за здрава храна во Македонија и регионот, ја проширува својата понуда со нова категорија на солени ужини со својот иновативен Protein Trail Mix. Со два автентични вкуса, чили и пица, овој микс претставува совршен спој на вкус и нутритивна вредност, дизајниран за љубителите на здрава исхрана кои сакаат да уживаат во закуска без компромиси.
Протеинскиот микс содржи 26% протеини на порција, збогатен е со протеин од грашок и формулиран од внимателно избрана мешавина на јаткасти плодови и семиња, печена до совршенство за идеален крцкав вкус. Оваа мешавина претставува идеален избор за оние кои бараат здрава, заситувачка и вкусна закуска што совршено се вклопува во динамичниот начин на живот.
Protein Trail Mix е симбол на она што значи да се јаде паметно. Во време кога луѓето сè повеќе бараат производи што ќе ги поддржат во одржување на активен, здрав животен стил, без да прават компромис на вкусот, нашиот Trail Mix е создаден да им понуди иновативна ужина што навистина инспирира и ги подготвува за нова авантура , изјавија од „Виталиа.“
Со повеќе од три децении иновации и експертиза, „Виталиа“ продолжува да ги следи и диктира најновите трендови во индустријата за здрава храна. Со воведувањето на Protein Trail Mix, компанијата уште еднаш докажува дека може да одговори на променливите потреби на современиот потрошувач, создавајќи производи што инспирираат кон здрав, енергичен животен стил.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.