Македонија

АХВ: Вонредни контроли во Куманово, уништени 100 килограми небезбедно месо

18 Oct 2024

Приближно 100 килограми небезбедно месо и подготовки од месо нештетно уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ)  во вторникот во Куманово, при спроведени вонредни надзори во ресторани, месарници и маркети.

За утврдените недоследности - продажба на замрзната чорба, ставање во промет на замрзнати подготвени подготовки од месо ( плескавици, ражнич), продажба на месо и подготовки од месо без декларација, како и за измината важност на санитарни книшки на вработени кај оператори со храна и непоседување на комплетна документација,  изречени се мерки опомена и парични казни во висина од  100 до 1000 евра во денарска противвредност, зависно од тежината на прекршокот и големината на операторот со храна.   Со инспекциски надзори во овој град опфатени беа и два големи супермаркети кај кои не беа утврдени неусогласености со прописите од областа на безбедноста на храната, соопштуваат од АХВ.

Извор: АХВ

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...