Со попуст од -15% на апсолутно сѐ, многу подароци и забавна атмосфера, dm drogerie markt на 15 август ја отвори својата нова дрогерија во „Блис мол & Ритејл парк“ на ул. Илинденска бр. 1Г во Битола.
Во новиот модерно опремен продажен простор со површина од 402,79m2, купувачите може да ги пронајдат производите кои ги посакуваат од богатиот асортиман на dm со повеќе од 14.000 производи, во кој има сѐ на едно место – производи за нега и убавина, производи за нега на мажи и бебиња, природна козметика, органска храна и додатоци во исхрана, па сѐ до производи за хигиена во домот и нега на алишта, соопштуваат од dm дрогерие маркт.
Отворањето, беше проследено со многу подароци: со секоја сметка над 500 денари купувачите добија подарок торба за пазарување, со сметка над 700 денари следуваше подарок Denkmit универзални влажни марамчиња, додека со сметка над 1.999 денари добија подарок dm пешкир за на плажа.
Освен наведените поволности, во период од 15.8 до 18.8.2024 купувачите во оваа дрогерија можат да пазаруваат со попуст од -15% на апсолутно сѐ, кој се пресметува на каса.
Својот нов деловен успех, dm како општествено одговорна компанија и овој пат го сподели со заедницата во која делува. Така, на денот на отворањето тие врачија донација во износ од 121.000 денари на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“ во Битола.
Со отворање на овој објект, dm во нашата земја е присутен со 26 продажни објекти, од кои 15 во Скопје, по еден продажен објект во Тетово, Велес, Куманово, Струмица, Гостивар, Охрид, Струга, два продажни објекта во Штип и два продажни објекта во Битола.
Од компанијата велат дека се особено среќни што со секоја нова локација се сѐ поблиску до нивните купувачи. Со својата богата понуда на производи се стремат да ги остварат сите желби и потреби на купувачите, а со полна пареа и понатаму ја продолжуваат нивната континуирана експанзија на локалниот пазар.
Извор/Фото: dm дрогерие маркт
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.