Македонија

АХВ: Спроведени контроли во Охрид, Струга, Дојран и Преспа и уништени 8,7 тони небезбедна храна

22 Jul 2024

Инспекциски тимови на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) минатата недела (од 16 до 19 јули), спровеле вонредни заселени контроли во објекти и оператори со храна (хотели, ресторани, времени - кетеринг објекти,месарници и маркети) во туристичките центри  Дојран,Охрид,Струга и Преспа.

Со контролите се проверуваше имплементацијата на добра производствена и хигиенска пракса (ДПП/ДХП) базирана на НАССР принципите, инфраструктурните услови во објектите, а се спроведуваа и контроли на  активностите согласно регистрацијата на операторите со храна. Во услови на високи надворешни  температури, акцент со контролите беше ставен на условите на чување и складирање на производите и роковите на употребливост на храната. Со вонредните контроли во овие четири туристички центри опфатени беа  112 објекти - оператори со храна. Изречени беа 54 глоби на 54  оператори со храна, од кои на  8 оператори со храна им беше изречена забрана за работа до отстранување на констатираните недоследности.  Со контролите утврдено беше неисполнување на општите и  посебните хигиенски барања во сите фази на производство,преработка и дистрибуција на храна, неимплементирање на сите процедури на ДПП/ДХП базирани на НАССР принципите, храна со поминат рок на употреба, промет на храна без декларација и означување согласно Законот за безбедност на храна и подзаконските акти според кои ваквите производи се прогласуваат за небезбедни за човечка употреба и нештетно се уништуваат, соопштуваат од АХВ.

Од страна на инспекторите за храна и официјалните ветеринари констатирана била и работа на објекти - оператори  со храна кои не биле регистрирани или одобрени за работа од страна на АХВ, поради што изречени биле мерки забрана за работа, а затекнатите производи биле забранети за промет и нештетно уништени.

Утврдени беа и лоши инфраструктурни и хигиенски  услови во   кујните, производствените простории, за што некои оператори добија времена мерка забрана за работа. Од промет беа отстранети 8700 килограми небезбедна храна која беше нештетно уништена.  Во наредниов период АХВ ќе продолжи со спроведување на вонредни контроли и во другите туристички центри, а поради високите температури, на сила останува мерката за засилени контроли кај операторите со храна на целата територија на земјава, соопштуваат од АХВ.

Извор/Фото: АХВ



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...