Македонија

Стопанска комора организираше бизнис дружење со членките

05 Jul 2024

Стопанската комора на Северна Македонија, организираше бизнис дружење со членките, со цел преку неформална средба, да се разменат искуства, дилеми, предизвици со кои се соочуваат компаниите.

Во комплексот „Белви“ во Скопје се собраа претставници на повеќе од 50 најголеми, најуспешни и најлојални членки на Комората, дел од членките на Управниот и Надзорниот одбор на Комората, Советот на странски инвеститори. Тие со вработените во Комората имаа можност за бизнис и неформално дружење кое излегува од деловната форма.

    

Во групата успешни компании членки, секогаш има најуспешни и токму на таквите им беше оддадена посебна благодарност. На трите први компании им беше подарена по една уметничка слика од вработени во Комората кои во слободно време се занимаваат со сликарство. Уметнички слики им беа подарени на „РЕК Битола“, „ЕВН Македонија“ и „Македонски телеком“, соопштуваат од Стопанската комора на Северна Македонија.

 

Извор/Фото: Стопанска комора на Северна Македонија



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...