Годинава навршуваат 10 години откако „Колид с тим“ ја почна соработката со „Лидл“. Kако што истакнаа од компанијата постојаноста во нивната понуда, производство со непроменет квалитет и навремена достава според договорените количини, се причините зошто соработката и понатаму трае. Дополнително, за воспоставување и одржување на соработката потребни се и одредени сертификати.
Покрај стандардните сертификати како HACCP кој е задолжителен за сите компании, го поседувавме и ISO 2200, а за почеток за соработката со „Лидл“ ни требаше стандардот IFS food. Со продлабочување на соработката барањето за стандардизирање растеше, па ги исполнивме условите за зачленување на платформата на EcoVadis - стандард за одржливост и човекови права, истакнаа од „Колид с тим“.
Од таму додаваат дека за да се оствари соработка со кој било трговец од рангот на „Лидл“ потребно е постојано да се надградува работењето, а тие вложуваат и во дополнителни стандарди: BSCI иницијатива за деловна социјална усогласеност, Халал и други кои се во процедура.
Досега, 70% од производството на приватната трговска марка се продава преку брендовите на „Лидл“ - 1001 delights, Milbona, Confiserie Firenze, Nostja.
Од „Колид с тим“ истакнаа дека за компаниите од Македонија е значајна соработката со голем трговец како што е „Лидл“. Постојаното подигнување на стандардите и квалитетот на производите, но и референцата за соработка придонесе и за полесно пласирање на сопствениот бренд Sunday во кој компанијата инвестира веќе 20 години.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.