Македонија

„Лакталис МК“ го лансира сирењето Labne на македонскиот пазар

20 May 2024

Компанијата „Лакталис Мк“ на македонскиот пазар го лансира сирењето Labne,   познато и  како медитеранско сирење, кое е вкусен намаз во кое може да се ужива на различни начини.

Благодарение на President, сега лабнето е достапно и во нашите маркети и можеме да ја збогатиме нашата трпеза со уште еден нов продукт и да уживаме во неговиот вкус, соопштуваат од компанијата.

Ова традиционално јадење од Блискиот Исток се прави со цедење на пробиотски јогурт, грчки јогурт или ќефир за да се отстрани вишокот сурутка, што резултира со густа и кремаста конзистентност. Може да биде совршен додаток во повеќе комбинации, и тоа: како намаз на крекери за закуска, дип со зеленчук во предјадење или како додаток во сендвич или врап при главниот оброк. Може да се комбинира со слатки и солени оброци, но на Блискиот Исток најчесто се користи во комбинација со лимон и зачински билки кои даваат дополнителна свежина во целата комбинација на вкусови.  

         

Од нутриционистичка гледна точка, Labne е добар извор на протеини, кои се од суштинско значење за изградба и “поправка” на ткивата во телото.   Самиот процес на производство на овој продукт придонесува финалната форма на лабне да биде богата со пробиотици, Дополнително, Labne е добар извор на калциум.

Содржи и витамин А кој е есенцијален за многу физиолошки процеси: одржување на здрав вид, нормална функција на органите и имунолошкиот систем, правилен раст и развој, како и правилно развивање на повеќе органски системи на ембрионот во матката за време на бременост. Додека Labne е хранлива и вкусна опција за додавање на вашите оброци и закуски, важно е да уживате во умерени количини. Како и сите млечни производи, лабне е извор на заситени масти и калории, па затоа најдобро е да го консумирате како дел од урамнотежена исхрана. Внимавајте на големината на порциите и обидете се да изберете опции со пониски масти кога е можно за да го контролирате внесот на заситени масти, вели нутриционистот, Симона Коруновска.

Извор/Фото: „Лакталис МК“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...