Македонија

FMCG Summit: Дозволени се промотивни акции за сите производи!

27 Oct 2023

Одговорот кој што го доби FMCG секторот на годинешниот самит е дека сепак се дозволени промотивните акции на нивните производи.

Министерот за економија Крешник Бектеши ги увери присустните претставници на FMCG секторот дека е дозволено да се продолжи со постојните маркетиншки алатки за продажба од типот на промотивни акции на производите.

Публиката составена од вработени и сопственици на бизниси од секторот, беше петтиот учесник на панел дискусијата на деветтиот FMCG самит во организација на магазинот InStore и Кликер маркетинг.

Претставниците на FMCG секторот го соочија министерот за економија Крешник Бектеши со нивните проблеми.

Панел дискусијата на која учествуваа претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, комерцијалниот директор во „Лион“ Икица Павлоски и извршниот директор на „Еуро табак“ Климе Булоски, беше проследена со бурни реакции од публиката која беше составена од сопственици и вработени од FMCG секторот.

InStore овозможи панел дискусијата да биде од интерактивен карактер, па некои од присутните во публиката ја искористија шансата да земат збор и од прво лице да го конфронтираат министерот за тоа како мерките им го отежнуваат работењето, и колкави казни биле приморани да плаќаат.

Изјавата на министерот, дека од мерките се плашат само оние кои имаат причина зошто да се плашат, беше проследена со бурни скандирања од присутните, по што сопственичка на ритејл компанија која беше присутна на FMCG самитот го сподели своето искуство со спроведувањето на мерките, поради кои настанала ситуација во која морале да платат 20.000 евра, и покрај тоа што доследно ги следеле мерките.

Министерот пак, од негова страна, ги конфронтираше присутните дека никој од нив дословно не ги читал правните акти додека се во форма на предлог.

Претседателот на Стопанската комора, изјави дека треба да им се доделат награди на сите оние кои во минатите години се уште се борат да водат бизниси во FMCG секторот.

Самитот кој се одржува деветта година по ред, имаше десет говорници, експерти и предводници од својата област, па присутните имаа можост за иновациите кои се потребни во FMCG секторот за да се следи чекор со времето.

Спонзорите на настанот имаа прилика да ги презентираат своите нови производи и услуги, а многумина случувањето го искористија за вмрежување и воспоставување на нови деловни контакти.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...