Министерот за економија, Крешник Бектеши, синоќа изјави дека најавеното намалувањето на цените на одредени производи нема да биде од септемвриските и августовските цени туку од други месеци кога, како што вели имало пристојни цени. Бектеши најави дека следната недела во Собранието ќе биде доставено ново законско решение за нефер трговски практики.
Ниеден од трговците не знае кој ќе биде референтен датум, и со кои цени ќе се донесе одлуката во вторник во делот на намалување на цените на основните прехрамбени производи. Екслузивно можам да кажам дека нема да биде датум и цена која била во текот на септември оваа година, но и од месец август, рече Бектеши во емисијата Вин Вин на ТВ Телма.
Тој кажа дека намалувањето на 10 отсто на цените ќе биде од месеци кога имало пристојни цени и оти на тие цени ќе треба да се направи намалување од 10 отсто. Тоа вчера им било објаснето на сите ланци на супермаркети.
Ќе бидат земени предвид цени од месеци од оваа година кога важеле одредени мерки кога Владата се откажала од одредени давачки како царински, од ДДВ и слично.
Цените од септември нема да бидат реферетни во делот на намалувањето од минимум 10 отсто. Значи ако во март, да го земеме како пример, цената била сто денари и во септември била 150 денари, реферетна цена во намалувањето ќе биде 100 денари, нема да биде 150 денари. И врз тие сто денари треба да има минимум намалување од 10 отсто, појасни Бектеши.
Следната недела Владата во Собранието ќе испрати законско решение за нефер трговски практики, со кој ќе се укинат многу давачки кои го оптоваруваат синџирот од производство па се до крајниот производ.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.