Денека (12 септември) на платото пред Центарот на социјални претпријатија (зад Спомен-куќата на Мајка Тереза) ќе се одржи Третиот саем на социјални претпријатија.
Саемот годинава ќе биде со регионален карактер и на него ќе учествуваат претставници од земјите од Западен Балкан. Освен од РС Македонија, ќе има социјални претпријатија и од Србија, Црна Гора, Косово и од Албанија.
Саемот ќе почне во 16 часот со изложување на социјалните претпријатија, додека официјалното отворање ќе биде во 18 часот. Саемот ќе го отворат министерката за труд и социјална политика Јована Тренческа и амбасадорот на делегацијата на ЕУ Дејвид Гир, а поздравни говори ќе имаат и Сирил Баумгартнер, амбасадор на Франција; Кшиштоф Грзелчик, амбасадор на Полска; Алберт Хани, генерален секретар на RYCO; Барбара Садовска, тим-лидерка на проектот „Поддршка на развојот на социјалните претпријатија“ и Филип Иваноски, управен директор на „Пакомак“. Саемот, кој е од отворен карактер, ќе трае до 20 часот.
Настанот се организира како соработка меѓу проектот „Поддршка на развојот на социјалните претпријатија“, поддржан од Министерството за труд и социјална политика, амбасадата на Република Полска во Скопје и „Пакомак“, со Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) преку проектот „Регионален инкубатор за социјални претприемачи“ (RISE).
Саемот го означува и почетокот на Регионалниот форум за социјални претприемачи, конференција што ќе трае до 14 септември, а е организирана како дел од проектот RISE и поддржана од L'Agence Française de Développement (AFD), Европската Унија, RYCO и Француско-германската канцеларија за млади (FGYO).
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.