Македонија

Доделени договорите за грант за земјоделски производители на храна

13 Jul 2023

Денеска, во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беа доделени договорите за неповратна финансиска поддршка во форма на грант до 10.000 евра за инвестиции на земјоделски производители на храна од животинско потекло од Програмата за мали производители.

Ова е нова програма, која е воведена првпат како една од клучните промени во реформата за поддршка на малите производители. Договорите се со вкупна вредност од 8 милиони денари, наменети за развој на сточарското производство, за инвестиции во опрема, основни средства и услуги, кои имаат цел остварување додадена вредност во примарното производство, развој на производи со традиционални карактеристики и зголемување на конкурентноста, како и развој на семејни бизниси од областа на производство на храна од животинско потекло.

Предноста на оваа финансиска поддршка е авансната исплата, што значи дека сите добитници на грант, веднаш по потпишувањето на договорот, во рок од 10 дена, ќе ги добијат парите, со кои треба во рок од 45 дена да ја набават опремата за која аплицирале. Целта е преку финансиска поддршка да се помогне на малите земјоделски стопанства, на малите фарми, да ги зголемат капацитетите и со тоа да си го зголемат приходот и да изградат сопствени брендови, изјави министерот Николовски.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...