Македонија

Промовирана Винопедиа – онлајн винска карта за 250 македонски винарници

04 Jul 2023

Винопедиа е првата македонска винска енциклопедија и винска географска карта која содржи 250 винарии од земјава и од денеска е јавно достапна онлајн. На нејзе се геолоцирани и дигитално мапирани винарнците од земјава, а содржи и дополнителни информации за повеќе угостителски објекти. 

Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство извести дека од винскиот регистер, 167 се винарници од физички лица односно семејни винарии, а останатите како комерцијални фирми – винарници.

Во склоп на своите активности за потребата и подготовката на првата македонска винска енциклопедија и географска карта извршено е геолоцирање и дигитално мапирање  со цел да овозможи на странските гости и винските ентузијасти брзо и едноставно пронаоѓање и лоцирање  за нивно понатамошно истражување, соопштуваат од Винопедија.

Онлајн верзијата на картата овозможува посебно да се прикажат малите семејни винарии од останатите комерцијални винарии. Во подготовка се англиски печатени верзии на вински карти која ќе бидат издадени наредниот период. Тие  ќе послужат на транзитните патници и останати туристи што ќе престојуваат во Македонија да се информираат повеќе за нив , рутите  и  понудата  од македонските семејни и останати винарии.

Квалитетот и сигурноста на објавените информации е обезбедена со поддршка и соработка со УКИМ Факултетот за земјоделски науки и храна – 75 Години ФЗНХ, Катедра за лозарство и винарство и Институтот за овоштарство, лозарство и винарство со професорите д-р проф. Михаил Петков и доц. Златко Прцуловски.Во соработка со НУК – Независната угостителска комора мапирани се и значајни туристички и историски дестинации, вински продавници и музеи, како и угостителски објекти – хотели и  ресторани кои нудат специјализирани дегустации во комбинација со македонски врвни гастрономски специјалитети за љубителите и истражувачите ваквите  дестинации.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...