Македонија

„Виталиа“ се претстави на саемот ПЛМА 2023 во Амстердам

29 May 2023

„Виталиа“ и оваа година учествуваше на меѓународниот трговски саем за приватни трговски марки, ПЛМА во Амстердам, каде се претстави со својата нова иновативна линија на протеински производи.   

Од компанијата велат дека посетителите покажале посебен интерес за функционалноста на производите на „Виталиа“, начинот на нивна консумација, состојките кои ги содржат и за дизајнот. Како учесник на овој престижен настан, „Виталиа“ ги претстави и своите најнови протеински барови. Секој бар содржи 35% протеин, што ги прави овие барови идеален избор за оние кои стремат кон остварување на успешни фитнес резултати  и одржување на активен животен стил. Баровите содржат три типа на протеин – млечен протеин, колаген и протеин од сурутка изолат. Новите протеински барови се внимателно формулирани за да се усогласат со потребите на потрошувачите кои се грижат за сопственото здравје. Тие се без додадени шеќери и богати со влакна, промовирајќи го дигестивното здравје и обезбедувајќи одржлива енергија. Дополнително, тие се збогатени со магнезиум, витален минерал кој поддржува различни телесни функции, вклучително и мускулна и нервна функција, соопштија од „Виталиа“.

Оваа година, повеќе од 2.600 учесници и 15.000 посетители на ПЛМА, од 125 различни земји, имаа можност да погледнат нови производи, да се запознаат со идните трендови и да ги прошират нивните бизнис мрежи.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...