Овој нов чекор што ЦЕФТА го презема кон олеснување на трговијата се фокусира на намалување на административната бирократија и зголемување на обемот на трговијата. Новите правила предвидуваат неколку поедноставувања
Автор: Златко Ветеровски, помошник-директор, Сектор за меѓународна соработка, проекти и европска интеграција, Царинска управа
Општо за преференцијалните правила за потекло на стоките
Преференцијалните правила за потекло на стоките се мошне важен дел на секоја спогодба за слободна трговија. Со правилата за потекло на стоките се определува потеклото на производите што се предмет на меѓународната трговија. Преференцијалните правила за потекло на стоките се применуваат кога меѓународната трговија се одвива под посебни, привилегирани услови, пропишани во спогодбите за слободна трговија, спогодбите за царинска унија и општиот систем на преференцијали. За да можат стоките да ги користат поволностите, неопходно е да имаат потекло од држави што се потписнички на ваквите спогодби. Значи, правилата за потекло на стоките се особено значајни кога меѓународната трговија се одвива во рамките на регионални интеграции (како договори за слободна трговија и за царински унии). Стоките што потекнуваат од земјите-потписнички на овие спогодби имаат одреден привилегиран (главно бесцарински) пристап на пазарот на земјите-членки на регионалната интеграција.
Регионалната конвенција за Пан-евро-медитерански преференцијални правила за потекло (ПЕМ Конвенција) е основа за примена на преференцијалните правила за потекло. Потписнички на ПЕМ Конвенцијата се земјите-членки на ЕУ, земјите-членки на ЕФТА, ЦЕФТА страните, Турција, земјите-потписнички на Декларацијата од Барселона и Фарските Острови.
Преференцијалните правила за потекло се од особена важност бидејќи околу 84% од вкупната надворешнотрговска размена се одвива со држави со кои имаме склучено договори за слободна трговија.
За Република Северна Македонија, преференцијалните правила за потекло се од особена важност со оглед на тоа што околу 84% од вкупната надворешнотрговска размена се одвива со држави со кои имаме склучено договори за слободна трговија.
Република Северна Македонија официјално пристапи кон ПЕМ Конвенцијата во 2012 година, а со нејзина примена започна по завршувањето на интерната ратификациона постапка во 2015 година.
Потреба за ревидирање на ПЕМ Конвенцијата и усвојување нови правила за потекло
Дискусиите за модернизација на ПEM Конвенцијата почнаа во 2012 година со цел да се приспособат на правилата за потекло на променетата економска реалност низ годините. Ревидираната конвенција требаше да биде одобрена и усвоена со едногласност во рамките на Мешовитиот комитет на ПЕМ Конвенцијата. По низа преговори и консултации, неколку договорни страни сѐ уште изразуваат резерви за усвојување на ревидираната ПЕМ Конвенција. Со оглед на таквата ситуација, мнозинството од договорните страни на ПЕМ Конвенцијата одлучиле да почнат со предвремена примена на ревидираните правила меѓу себе, додека се одржуваат дискусии со преостанатите договорни страни да постигнат договор за процесот на ревизија.
Ова привремено решение им овозможува на компаниите во договорните страни што ќе почнат со предвремена примена да ги користат модернизираните, поедноставени и пофлексибилни нови правила за потекло. За таа цел, протоколите за потекло содржани во секој билатерален договор за слободна трговија потпишан од Република Северна Македонија и партнерските земји се изменуваат за да вклучат Додаток А што ги содржи новите ревидирани (преодни) правила, без да се нарушува примената на сегашните правила на ПЕМ Конвенцијата.
Вакви нови пофлексибилни ревидирани правила Северна Македонија почна да применува со земјите-членки на Европската Унија од септември 2021 година, со земјите-членки на ЕФТА од април 2022 година. Со ЦЕФТА-страните преодните преференцијални правила почнаа да се применуваат од 1 февруари 2023 година. Информации за тоа кои земји ќе ги применуваат преодните правила ги објавува Комисијата во „Службениот весник на ЕУ“ - серија Ц. Царинската управа го објавува ова известување на својата интернет-страница.
Кои се погодностите од примената на новите преференцијални правила за потекло на стоките?
Двата сета на правила за потекло ќе коегзистираат меѓу договорните страни што ги смениле своите билатерални договори за слободна трговија и кои се одлучиле и договориле за предвремена примена на новите правила.
Економските оператори ќе можат да избираат меѓу важечките правила за потекло во Пан-евро-медитеранска област: сегашните правила на ПЕМ Конвенцијата или преодните правила за потекло. Избор кои правила ќе се користат се прави за секоја пратка.
Поволностите треба да придонесат за зголемување на конкурентноста на македонските компании и поголем извоз во земјите-членки на ЦЕФТА.
Овие правила се опционални. Тие се наменети за привремена примена, сè до склучување и влегување во сила на изменетата, односно ревидираната ПЕМ Конвенција. Овие правила ќе се применуваат билатерално во трговијата меѓу оние договорни страни што се согласуваат да се повикуваат на нив, односно ги вклучуваат во нивните билатерални преференцијални договори за слободна трговија. Овие правила се наменети да се применуваат алтернативно на правилата на ПЕМ Конвенцијата, кои, како што е наведено во неа, не се во спротивност со начелата утврдени во релевантните спогодби и другите сродни билатерални спогодби меѓу договорните страни. Според тоа, овие правила нема да бидат задолжителни, туку опционални. Тие може да се применуваат од страна на економските оператори кои сакаат да побараат примена на преференцијален третман врз основа на овие преодни правила, наместо врз основа на правилата на ПЕМ Конвенцијата. Овие правила не се наменети за изменување на ПЕМ Конвенцијата. Таа останува во целосна примена кај договорните страни на ПЕМ Конвенцијата. Овие правила нема да ги менуваат правата и обврските на договорните страни според ПЕМ Конвенцијата.
Според тоа, извозниците имаат избор да користат кои било од правилата за потекло:
Во случај да ги користат преодните правила, потеклото треба да се одреди исклучиво во согласност со ревидираните правила. Во случај да се користат правилата од ПEM Конвенцијата, потеклото мора да биде утврдено само во согласност со нејзините правила. Со други зборови, не постои „пропустливост“ меѓу двете групи правила, кои ќе функционираат одделно.
Страните на ЦЕФТА почнуваат да ги применуваат преодните правила за преференцијалното потекло на стоките, заедно со правилата на ПЕМ Конвенцијата. Со примена на ревидираните, пофлексибилни и модерни правила, страните ќе можат да ја зголемат својата извозна конкурентност. Преодните правила за потеклото на стоките го поедноставуваат системот, го поедноставуваат одредувањето на потеклото на стоките и дополнително ја олеснуваат трговијата во ЦЕФТА и со ЕУ.
Кои се придобивките?
Овој нов чекор што ЦЕФТА го презема кон олеснување на трговијата се фокусира на намалување на административната бирократија и зголемување на обемот на трговијата. Новите правила предвидуваат неколку поедноставувања, вклучувајќи:
Сите овие поволности треба да придонесат за зголемување на конкурентноста на македонските компании и поголем извоз во земјите-членки на ЦЕФТА.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.