Македонија

На 26 април ќе се одржи 3. Интернационална контролинг конференција

28 мар 2023

На 26 април ќе се одржи третата интернационална конференција за контролинг, на тема Controller as Change Agent: Hands-on tools & benefits to the company “. Конференцијата ќе биде онлајн, од 09:00 – 16:00, во организација на „Контролинг бизнис центар“. Пријава и информации на: mitka@controlling.mk ; контакт: 389 71 334 845. 

Темата на годинешната конференција „Controller as Change Agent: Hands-on tools & benefits to the company“ е инспирирана од неизбежната функција на контролингот во сите подрачја и области. Сведоци сме дека во последните години контролингот е најчесто дискутирана тема, се настојува негова имплементација во сите области, едукација на контролери итн., сè со цел да се подобри продуктивноста на организациите. Постигнување на деловен успех е цел речиси на сите организации без разлика дали се приватни или јавни, за тоа да се постигне потребно е да се обезбедат корисни и правовремени информации врз основа на кои управувањето со организацијата би било ефикасно и ефективно. Одговорноста на менаџментот за успехот на компанијата е сè поголем товар за топ-менаџментот во компаниите поради што во последните години голем број организации пристапија кон имплементација на контролинг-системот. Целта е да добијат поквалитетно управување со идните случувања и врз основа на информациите да добијат одговор на конкретни прашања:

  • какви се трендовските вредности и што можеме да очекуваме во иднина?
  • Во кои производи повеќе треба да се вложува, а кои производи треба да се напуштат?
  • Кои купувачи треба во иднина да се избегнуваат, кои пазари да се развиваат?
  • На кој начин компанијата да се финансира, дали и понатаму да се задолжува итн.

Што да очекувате?

Очекувајте извонреден настан од областа на контролинг, на кој ќе присуствуваат 8 извонредни предавачи од Хрватска, Македонија и Србија и 4 панелисти, кои ќе пренесат практични примери од својата област на работење.

Овој настан ќе се одржи на 26 април 2023 од 09:00 – 16:00, и ќе бидат обработени различни теми од областа на контролинг во производство, малопродажба, трговија, контролинг во човечки ресурси, „Business Intelligence“ софтвер за поддршка на контролингот, анализа на KPI, креирање и анализа на менаџерски извештаи.

Детали за конференцијата:

••Котизација за настанот: 5.600 ден. + ДДВ, 4.500 ден. + ДДВ, за членови на ICV и

слушатели на Академијата за контролинг.

••За пријавени повеќе учесници од иста компанија следува дополнителен попуст!

••Пријава и информации на:

»»www.controlling.mk

»»mitka@controlling.mk; контакт: 389 71 334 845

••Пристап до конференцијата ќе имаат учесници кои се регистрирале и извршиле

уплата до наведениот рок;

••Комуникација ќе се изведува на: македонски, хрватски и српски јазик;

••Конференцијата ќе биде отворена 30 мин пред почетокот;

••Презентациите од настанот ќе им бидат доставени на сите учесници, по

завршување на конференцијата;

••Нема да биде дозволено снимање на настанот;



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...