Владата денеска ја замрзна цената на јајцата и оризот и го ограничи извозот на јајцата. Највисоките цени на оризот и јајцата ќе останат на нивото од 15 март и ќе важат до 30 април.
Премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција рече дека во изминатиот период е утврден значаен пораст на цените на ориз и јајца, како резултат на движењата во однос на извоз и увоз на овие производи.
По седницата на Владата тој објави дека цените на јајцата и на оризот се замрзнуваат на нивото од 15 март и такви ќе останат до 30 април. Според премиерот, за да се заштити домашниот пазар, производителите добија обврска да обезбедат 70 отсто од произведените количини од јануари февруари, а таквата обврска ја имаат и трговците.
Одлуката е донесена по севкупните анализи на движењата на пазарот при што е констатиран значаен пораст на цената на јајцата пред Велигден и Бајрам, а за да не се направи дисбаланс. Производителите, најмалку 70 проценти од домашното производство на јајца ќе го пласираат на домашниот пазар, а трговците на мало да продолжат да ја набавуваат вообичаената количина на јајца што ја набавувале во јануари и февруари 2023 година, изјави Ковачевски.
Според министерот за економија Крешник Бектеши на 15 март, просечната цена на јајцата се движела од 8,55 до 9,8 денари во зависност од пакувањето и големината.
Има зголемена побарувачка за извоз на македонски јајца особено од соседството, каде цената на овие производи се движи меѓу 14 и 20 центи и ако се дозволи целосен извоз повеќето живинари заради економски интерс би го изнеле целото производство. Затоа и им ставивме обврска за 70 отсто од производство да бидат за нашите маркети, објасни Бектеши.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.