Македонија

„Виталиа“ потпиша меморандум за соработка со Фармацевтскиот факултет

20 Mar 2023

„Виталиа“ и Фармацевтскиот факултет при УКИМ денеска потпишаа меморандум за соработка. Соработката ќе има деловни и едукативни аспекти, а целта преку взаемна комуникација да се создадат подобри наставни програми конкурентни на пазарот.

Како дел од соработката е предвидена реализација на практична настава за студентите од Фармацевсткиот факултет, за времетраење на нивните студии, потоа организирање и спроведување на апликативни проекти и обезбедување на стручна, научна и техничка поддршка за изготвување на експертски анализи согласно потребите на договорните страни.

Размената на идеи често води до нови знаења, до откривање на нови начини на работа и до иновација. Затоа сметаме дека оваа соработка со Фармацевтскиот факултет доаѓа во вистинско време и ќе донесе многу придобивки како за „Виталиа“, така и за студентите од факултетот, изјави Искра Ветаџокоска - Муцунска, генерален менаџер и ко-сопственик на „Виталиа“.

Меѓусебната соработка ќе значи и размена на знаења и искуства помеѓу бројните експерти во двете организации, кое ќе им помогне на студентите во подготовката за професионалните ангажмани и ќе придонесе кон создавањето на подобри услови и кадри на пазарот на труд. Во иднина, ова партнерство би можело да резултира во организирање на разни едукативни активности, конференции, симпозиуми и други форми на образование кои ќе помогнат да се оствари зацртаната цел.

Во наредниот период, во план е и посета на студентите од новата студиска програма на Фармацевтскиот факултет, Диететика и Диетотерапија, каде што ќе можат непосредно да го увидат целосниот процес на производство на здрава храна во „Виталиа“. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...