Според најновата анкета на Visa „Нови дигитални навики“, четворица од десет Македонци наведуваат дека нивните навики станале подигитални или се претежно дигитални, како резултат на пандемијата (41 отсто и 38 отсто соодветно). За половина од испитаниците, приватното време е најдигиталниот аспект од нивниот живот. Една третина велат дека е работата, а за 15 отсто одговорот е забава, поради големото време поминато на останатите стриминг платформи, а само 5 отсто ја користат за здравје, што подразбира закажување вакцинации и лекарски прегледи, онлајн обуки или следење на здравјето преку апликација.
Насекаде низ светот сме сведоци на пораст на нови дигитални навики и Македонија не е исклучок, врз основа на резултатите од анкетата. Потрошувачите очекуваат да купуваат, да се информираат и да се забавуваат на најсоодветниот начин, но прифаќањето на новите технологии бара време. Ова е причината зошто нашата цел во Visa е да помогнеме во навигацијата на преминот кон дигиталното и да обезбедиме поддршка онаму каде што е потребна. Една од првите работи што ги правиме е да разбереме колку е променета секојдневната рутина за Македонците и кои се нивните очекувања за иднината. Ова ќе ни овозможи да работиме на подобрување на пристапот до дигиталната економија за сите, заедно со нашите партнери, банки, финтек (fintech) компании и невладини организации, рече Владимир Ѓорѓевиќ, Генерален директор на Visa за Југоисточна Европа.
Меѓу главните платформи, секој втор испитаник најчесто користи е-банкарство и дигитални плаќања (51 отсто), платформите за стриминг се на второ место (30 отсто), а потоа следат апликациите за нарачка и испорака на храна (17 отсто), додека само еден процент од популацијата користат апликации за транспорт со такси.
Речиси една третина од испитаниците од Македонија трошат од 600 до 900 денари месечно (26,5 отсто) за да вршат работи преку апликации или виртуелни платформи. Дигиталниот свет значително ја промени нашата секојдневна рутина бидејќи секој втор испитаник (56 отсто) користи онлајн услуги неколку пати на ден и речиси секој (99 отсто) тоа го прави преку смартфон.
Испитаниците ги разбираат придобивките од изборот на дигитални услуги. Речиси половина од учесниците во анкетното истражување ја имаат посочено „брзината“ како најважен фактор при одлучувањето за користење на виртуелни услуги (49 отсто), потоа „едноставноста“ со 27 отсто, „пристапноста“ со 22 отсто и на крај „безбедноста“ со помалку од еден отсто.
Денешниот потрошувач е подготвен да им даде приоритет на личната благосостојба и слободното време, наместо да прави сѐ пеш. На прашањето кој дел од нивниот живот значително ќе се подобри со поголема употреба на апликации и онлајн платформи, четворица од десет испитаници ја посочиле јавната администрација. Во иднина, над една третина од испитаниците мислат дека нивните дигитални навики ќе се зголемат во работите поврзани со работата. На второ место се транспортот и здравјето (24 отсто) и финансиските услуги (20 отсто), како и купувањето, со истиот процент.
Новото истражување „Нови дигитални навики“ беше спроведено во септември 2022 во Македонија, со вкупен број од 299 испитаници на онлајн прашалник.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.