Македонија

dm во акција „Пошумуваме заедно за позелено утре“

29 Nov 2022

Во организација на „dm дрогерие маркт“, во неделата, на 27 ноември, во близина на автопатот Миладиновци - Штип, повеќе од 300 вработени во дрогеријата, волонтери и претставници на институционалните партнери го започнаа садењето на 27.000 садници, како дел од кампањата „Пошумуваме заедно за позелено утре“.

Во периодот од средината на месец август, кога беше најавен почетокот на оваа кампања, до крајот на месец септември, dm дрогерие маркт“издвојуваше по 1 денар од секој купен производ од сопствените трговски марки, со што купувачите на dm станаа важни партнери во овој проект. На почетокот на месец ноември dm објави повик до сите заинтересирани граѓани да се приклучат и да присуствуваат на денот на садењето. Со овој потег, компанијата ги поттикна граѓаните, директно и индиректно да земат учество во проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре”, и со тоа да придонесат во развивање на зелените површини на територијата на целата држава.

Со оглед на силното влијание на животната средина врз здравјето на луѓето, здравата животна средина мора да биде приоритет за секој поединец, но и за секоја компанија. Наша цел како компанија која веќе 10 години успешно работи на македонскиот пазар и промовира одржливи стандарди преку различни проекти, е токму ова. Среќни сме што и нашите купувачи ја препознаваат оваа наша карактеристика и несебично се вклучуваат во сите наши општествено одговорни проекти. Доказ за тоа е и одличниот одзив на волонтери, како и целиот тим на dm кои го дадоа својот придонес за овој голем проект. Во наредната година, заедно со поддршката од нашите институционални партнери, планираме да го продолжиме започнатото бидејќи знаеме дека нашата иднина многу зависи од нашиот однос кон природата, изјавија од „dm дрогерие маркт“.

За успешна реализација на првата акција за пошумување, поддршка на вработените на dm дрогерие маркт, покрај сите пријавени волонтери, им дадоа и институционалните партнери, кои присуствуваа на денот на садењето, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, помошник директор на ЈП Национални шуми Маре Басова, како и претставници од јавното претпријатие.

Од „dm дрогерие маркт“ најавија дека акцијата за пошумување е иницијатива којашто ја започнуваат оваа година и ја гледаат како долгорочен проект кој сакаат да прерасне во традиција. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...