Македонија

Вработените во „Алкалоид“ во акција за донирање облека

26 сеп 2022

Вработените во „Алкалоид“ АД Скопје организираат акција за донирање облека.  

„Донирај облека – сподели добрина“ е уште една во низата соработки меѓу „Алкалоид“ и Црвениот крст, кои со години наназад резултираат со голем хуманитарен ефект во интерес на оние на кои им е најпотребна помош, вреднувајќи ги хуманоста, човечката солидарност и општествената одговорност пред сѐ!, соопштија од компанијата. 

Акцијата за донирање облека е отворена за повеќе од 2000 вработени во базата на компанијата и ќе се одвива на наменските пунктови во рамките на сите локалитети на „Алкалоид“  од 19 до 30 септември. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...