Македонија

Истражување: Колкава е поддршката за „Отворен Балкан“ во регионот

11 Jul 2022

Иницијативата „Отворен Балкан“ има најголема поддршка во Србија, потоа во Босна и Херцеговина и во Македонија. Иницијативата ужива најмала поддршка во Косово, покажува истражувањето на ИРИ (Меѓународен републикански институт) во периодот јануари-февруари годинава, врз основа на примерок од 7.012 лица во пет земји. 

Во Србија, 33 отсто од испитаниците се изјасниле дека целосно ја поддржуваат иницијативата, додека 42 отсто изјавиле дека „донекаде“ ја поддржуваат. Во БиХ 30 отсто од граѓаните се за оваа регионална иницијатива, додека 38 отсто делумно ја поддржуваат. Во  Македонија, тие бројки се 28 отсто за целосна и 33 отсто за делумна поддршка на испитаниците за „Отворен Балкан“, додека 9 отсто воопшто не го поддржуваат.

Следува Црна Гора со целосна поддршка (27%), делумна поддршка (39%) и 9 проценти од оние кои воопшто не ја поддржуваат иницијативата.

Во Косово, според изјавите на тамошните раководни тела, само 16 отсто целосно го поддржуваат „Отворен Балкан“, 26 „донекаде“, додека 36 не го поддржуваат.

Најнеопределени, односно без одговор има во Црна Гора (14%), потоа Босна и Херцеговина (12%) и Косово (10%).

Само 6 отсто во Македонија не одговориле на прашањето дали ја поддржуваат регионалната иницијатива.

Поканата за приклучување кон иницијативата на зоната за слободно движење на луѓе, стоки и услуги, во која членуваат Македонија, Србија и Албанија од 2019 година, е испратена и до другите земји од Западен Балкан.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...