Компанијата за здрава храна „Виталиа“ потпиша меморандум за соработка со Технолошко - металуршкиот факултет.
Соработката ќе има пред се научно - едукативен карактер и ќе подразбира взаемна вклученост во изработка на научно - истражувачки проекти и изготвување на експертски анализи. За таа цел ќе бидат формирани експертски тимови во кој ќе бидат вклучени студенти, професори од факултетот, технолози и останати стручни лица од „Виталиа“.
За студентите ова претставува исклучителна можност за практична едукација, од почеток да бидат вклучени во техничко технолошки процес за добивање здрав производ. Тоа за нив отвора можност за изработка на идни дипломски, магистерски и докторски трудови, и здобивање на искуства кои можат многу да им помогнат во понатамошната кариера. „Виталиа“ со оваа соработка само ја потврдува својата определба на иновативна компанија која отсекогаш настојувала да ја вклучи науката во процесот на производство на здрави производи, и да ги следи најновите технолошки и потрошувачки трендови, соопштија од компанијата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.