Македонија

Македонските вина на саем во Италија

14 Apr 2022

Македонските винарници учествуваа на еден од најголемите саеми за вино во Европа - „Виниталу“ 2022 кој оваа година се одржа од 10 до 13 април во Верона, Италија на кој се преставија вина од 4.500 винарии, а саемот привлече над 20.000 професионална винска публика од целиот свет.

Во рамките на саемот, се одржа и посебна „мастерклас“ дегустација на македонски вина од сортата „вранец“ и преку стручна презентација беа презентирани посебните карактеристика на оваа сорта која е најзначјна за нашата земја.

Со учеството на ваков тип на интернационални саеми се гради имиџот и препознатливоста на Македонија како винска земја во светски рамки и се остваруваат контакти со диструбутери и купувачи со цел зголемување на продажбата, соопштија од здружението „Вина од Македонија“.  

Учеството на саемот беше финансиски поддржано од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, преку Програмата за поддршка на руралниот развој за 2022 година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...