Македонија

„Виталиа“ лансираше посни вегански смеси

28 Mar 2022

„Виталиа“ лансираше на пазарот посни вегански смеси за кои од компанијата велат дека на здрав начин го заменуваат месото во исхраната и обезбедуваат внес на доволно количество протеини.

Овие смеси се на база на протеин од грашок и зеленчук, не содржат глутен и соја, а се збогатени со витамин Б12. Истовремено, нивната уникатна формулација содржи највисок процент на комплетни протеини во споредба со слични производи и алтернативи на месо, соопштија од „Виталиа“. 

Посните вегански смеси на „Виталиа“ се достапни во три вида: со вкус на пилешко, на телешко и смеса со зеленчук и семиња. Можат да се обликуваат како шницли, топчиња, ќебапчиња, бургери... Доаѓаат во пакувања од 180g, кои се доволни за четири порции.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...