Македонија

КАМ маркети: Се работи за редовна контрола

23 Mar 2022

Се работи за редовна контрола, објаснија од КАМ маркети, по информациите дека вчера дел од маркетите беа затворени од страна на Управата за јавни приходи (УЈП). 

Ве известуваме дека во моментот се врши инспекциски надзор во КАМ маркетите. Се работи за редовна контрола. Оние објекти кои во моментот не работат се затворени заради обезбедување услови за непречено одвивање на работата на инспекторите: спроведување попис и останати потребни активности. Во текот на денот, очекуваме КАМ маркетите да продолжат со редовното работење, соопштија вчера од компанијата. 

Претходно, од УЈП објавија дека инспекторите прават контрола во над 80 продавници на КАМ. Во текот на денот тие беа затворени за купувачите, а на излозите стоеше натпис дека се врши попис. Утрово маркетите веќе работеа. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...