Минималната плата во текот на 2022 година ќе се зголеми минимум на 18.000 денари, најави министерот за економија Крешник Бектеши.
Согласно проекциите и анализите кои се направени тоа ќе се случи најверојатно во вториот квартал од годинава, рече Бектеши.
Претходно Сојузот на синдикати (ССМ) информира дека со Владата за ова прашање ќе има средба в понеделник, на 24 јануари. Од Синдикатот минималната плата итно да се зголеми на 18.000 денари, а не да се чека вториот квартал, како и скалесто зголемување на сите останати плати.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.