Македонија

„Киппер“ го отвори 78. маркет

24 Dec 2021

„Киппер“ вчера (23 декември) отвори нов маркет во село Брвеница, Тетово, кој е 78. продажен објект во синџирот на хард-дисконтерот.

Новиот маркет е на улицата Маршал Тито, бр. 1, до колеџот „Маариф“. Вкупно се протега на површина од 900 квадратни метри, од кои 600 квадрати се продажен простор и 300 се магацински. Во него работат 8 луѓе, а потрошувачите имаат на располагање 5 наплатни каси. Асортиманот го сочинуваат речиси 1.600 артикли.

Од „Киппер“ за InStore ги потврдија претходните планови за проширувањето на малопродажната мрежа. Следните локации на листата нови маркети се Тетово, Скопје и Струга.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...