Во овој момент не се размислува за седми пакет економски мерки за помош на стопанството и граѓаните за справување со последиците од корона кризата, кажа денеска вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.
На угостителскиот и туристичкиот сектор им најави дека во наредниот период нема да има државна помош за покривање на загубите со воведувањето на мерката со сертификатите и ограничувањето на бројот на посетители.
Разговори ќе имаме. Секојдневно разговарам со стопанските комори и ако навистина тоа е нужно ќе направиме одредена мерка зашто не знаеме колку ова привремено лимитирање на движење на граѓаните ќе влијае. За жал сме и во предизборен период и секоја мерка може да се протолкува различно и затоа нема да кажам дали ќе има или нема да има мерка. Само потврдувам дека се разговара и ако е вистински потребно заедно ќе ја донесеме, рече Битиќи.
Тој нагласи дека здравјето на граѓаните е на прво место.
Ако треба да се прави компромис помеѓу економска мерка за угостители и здравјето на граѓаните, здравјето на граѓаните е пред се. Сметам дека во овој момент сите треба да сме подготвени нешто да оставиме наспроти борбата што не чека против енормното зголемување на бројот на заразени од коронавирусот и секојдневната борба за живот која е многу поважна од сѐ друго, рече Битиќи.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.