Македонија

„Рамсторе“ отвори нов маркет во кулите „Џевахир“

13 Aug 2021

Денеска „Рамсторе Македонија“ го отвори новиот „Рамсторе експрес маркет“ во скопската општина Аеродром, поточно во комплексот „Џевахир Ckaj Сити“, блок А.

Модерно дизајнираниот маркет се простира на површина од 250 м2, располага со 2 наплатни каси, 15 паркинг места, а за  услугата ќе се грижи тим од 12  вработени .

Во новоотворениот маркет на потрошувачите ќе им бидат понудени свежо овошје и зеленчук, свежо месо, леб и пекарски производи, како и повеќе од 3.000 други производи. Маркетот ќе работи седум дена во неделата, од 8 часот до 22 часот. Промоциите, продажните акции, подароци и гратис производи го одбележија отварањето на овој маркет кои ќе траат до 22 Август. Дополнителни бенефиции има со Рамстор клуб картичката. 

„Рамсторе Македонија“ ќе отвори уште четири нови маркети до крајот на годинава. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...