Македонија

(ФОТО) „Алма М“ повлече од пазарот сладоледи Kit Kat и Milka

06 Aug 2021

„Алма М“ повлекува пазарот сладоледи поради неправилности во составот на стабилизаторите. 

Повлечени се следниве серии: 

Причина за повлекувањето е тоа што „Фронери“ во Франција и во Полска, како производители на горенаведените производи, е информирана од еден од нивните добавувачи за неправилностите во составот на стабилизаторите кои се дел од составот на производите во ограничена и мала серија на производи. Стабилизаторот се употребува во производство на сладолед и го користат поголем број на производители како редовна состојка во нивното производство. Горенаведените серии на сладоледи содржат количина на пестицидот етилен оксид во составот на стабилизаторите кои ги надминуваат дозволените граници соогласно Европските регулативи и поради тоа не се безбедни за човечка исхрана.

Стабилизаторите кои се употребуваат од „Фронери“ се комбинација од различни состојки за стабилизирње и се употребуваат во екстремно мали количини во готовите производи и поради тоа не би требало да претставуваат опасност по здравјето на потрошувачите. Производството на готови производи од горенаведените серии е целосно стопирано.

Соодветно на законските регулативи, залихите од засегнатите производи се ставени во карантин и започнато е нивно повлекување.

Сите останати производи од Алма М, освен горенаведените серии, не се засегнати и се безбедени за конзумирање за потрошувачите.

Совет за потрошувачите: Како дел од нашата силна посветеност да го обезбедиме здравјето и безбедноста на нашите потрошувачи, ние ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата внимателно и да ги информираме потрошувачите. „Алма М“ бара од крајните потрошувачи  кои имаат купено од горенаведените производи и истите ги имаат на залиха, да не ги конзумираат и истите да бидат вратени во местото на продажба. Доколку истите ги вратат во местото на продажба, задолжително е да се прикаже и фискалната сметка. Бараме од потрошувачите  да ги вратат производите доколку ги имаат на залиха до 31.08.2021. За нас, здравјето и сигурноста на нашите потрошувачи секогаш биле и ке останат со највисок приоритет. Во контекст на горе наведеното, се извинуваме за непријатностите, соопштија од компанијата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...