Македонија

Нула минути чекање на граница и една работна дозвола – бара бизнис заедницата

30 Jul 2021

Нула минути на граница, тоа е нашата цел, им порачаа стопанствениците на политичките лидери Зоран Заев, Еди Рама и Александар Вучиќ, на вчерашниот Регионален економски форум во Скопје. 

На економскиот панел во рамки на Регионалниот економски форум, бизнис заедницата укажа и на потребата од воевдување една работна дозвола.

Без нула минути не можеме да бидеме конкуреннти во ЕУ. Од друга страна, скоро 40 проценти од компаниите се жалат на проблеми да најдат квалификувана работна сила во сопствениот систем. Затоа, не треба да се поедностават само процедурите за работни дозволи, туку треба да се воведе една работна дозвола. Значи, бараме нула минути на граница и една работна дозвола, истакнаа стопанствениците.

Според нив, мора да се создаде перспективва – младите да бараат работа дома, во регионот, наместо да заминуваат надвор.

Од 2012 до 2019 година 350.000 лица ги напуштиле нашите земји, емигирале. Мислам дека можеме подобро од тоа. Ако зборуваме за перспектива, треба да зборуваме за давање можност да работат блиску до дома, до своите семејства, порача деловниот сектор.

Премиерот Заев во оваа прилика соопшти неколку иницијативи кои се предлог на бизнис заедницата, но за кои, како што потенцира, постои огромна политичка волја да се реализираат. Најави отворање посебна лента за камиони, поврзување на министерствата за финансии на сите три земји преку единствен софтвер, зајакната соработка и поврзување на МВР-службите за да се спречи еветнуална корупција и криминал при транспортот, увозот и извозот, како и поврзување на младите преку заеднички престој во хотели во некој од туристилките центри како Драч, Охрид, Копаоник, Златибор,… 

Според Заев, за да се остранат стотиците камиони на Табановце, Прешево, Ќафасан, треба министрите за финансии да имаат софтвер кој ќе ги поврзе системите за ДДВ.

Тоа е начинот за да се отстрани единствената пречка поради која камионите чекаат зашто фактурите, проверката на документацијата и оданочувањето се можни само со поврзување на софтверот за ДДВ. МВР службите, пак, треба да ги разменат сите податоци за борба против корупцијата и криминалот. Сите камиони и добра имат царинска процедура каде што почнува транспортот, на границите не прават ништо посебно, затоа треба да ги отстраниме чекањата, а идејата е да имаме „нон-стоп само оди“. Во однос на туризмот, разгледана идејата да се поддржат хотелите и рестораните. Идеја имаме и за тоа како да се организираат илјадници деца од училиштата кои ќе минуваат време заедно во хотелите во Драч, Златибор, Охрид, Дојран, Копаоник. Врските што ќе се остварат ќе останат до крјаот на животот. Тоа ќе го направиме и за да ја зголемиме туристичката сеозна (пред и по неа). Тоа може да ја поодорби економијата, но и поврзаноста меѓу луѓето, истакна Заев.

Апбанскиот премиер Рама се осврна на работните дозвцоли, укажувајќи дека Македонија и Србија треба да го сменат законодавството.

Србија и Северна Македонија имаат проблем, треба да го сменат законодавството, она што ние претходно го направивме. Зошто грашаните на ЕУ да доѓаат кај нас и веднаш да им се признаат квалификациите, а луѓето од регионот ја немаат таа погодност. Затоа нашето законодавство го кренавме на исто ниво и за граѓаните од регионот и за оние од ЕУ. Кој и да дојде од регионот кај нас, ги има истите права како кој било друг од ЕУ, потенцира Рама.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...