„Веро“ се стекна со ново признание за почитување на потрошувачките права, го доби престижниот сертифкат „Фер со потрошувачот“.
Сертификатот го доделува одбор за сертификација, овластено и мошне ценето сертификациско тело составено од три институции во земјава кои работат на заштита на потрошувачите и унапредување на конкурентноста на македонската економија – Организација на потрошувачите на Македонија (ОПМ), Независната асоцијација за развојни иницијативи „Зенит“ и Здружението на бизниси и консултанти „Креација“.
Приоритет на корпоративната политика на „Веро“ секогаш, пред сѐ е задоволството и безбедноста на потрошувачите. „Потрошувачот е нашиот шеф“ е мотото на „Веро“ од самиот почеток на постоењето и работењето во земјава и во регионот. Навистина ни е многу драго кога потрошувачите ги препознаваат нашите напори кои ги вложуваме со цел задоволување на нивните високи барања и очекувања. Кога нашите заложби ќе бидат препознаени и од надлежните институции кои се најмеродавни за нивна оцена и кои имаат долгогодишно искуство во заштита на потрошувачите права, тогаш тоа ни дава уште поголем мотив да продолжиме понатака со исто темпо. „Веро“ секогаш е тука за своите потрошувачи, секогаш спремен да ги сослуша, да им помогне и да им излезе во пресрет и да ги исполни нивните потреби и очекувања, изјави Петар Денковски, генерален директор на „Веро“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.