Македонија

Пристигаат 80 милиони евра помош од ЕУ за Македонија

01 Jun 2021

Европската Комисија најави дека денеска ќе бидат испратени дел од ветените суми макроекономска помош за Северна Македонија, пренесе МИА. 

Од трите милијарди евра макроекономска асистенција предвидена за земјите од соседството на ЕУ, Европската Комисија денеска испраќа 80 милиони евра за Македонија, 50 милиони евра за Косово, 30 милиони евра за Црна Гора, како и 300 милиони евра за Тунис.

Еврокомесарот за економија, Паоло Џентилони, ја поздрави веста како „конкретен чекор напред“ во борбата против Ковид-19 и неговите последици и вети дека ЕУ останува посветена да им помага на своите соседи во овие тешки времиња.

За Македонија ова е втората и последна транша од предвидените 160 милиони евра макроекономска помош.

Европската Комисија информираше дека земјата ги исполнила условите за ослободување на последната транша, овие услови вклучуваат зајакнување на фискалното владеење и транспарентност, борбата против корупцијата, подобрување на супервизијата во финансискиот сектор како и на бизнис климата и справување со невработеноста на младите.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...