Македонија

Тости - прв леб за деца од „Жито лукс“

16 апр 2021

Компанијата „Жито лукс“ го промовира лебот Тости, прв и единствен на пазарот наменет за деца.

Новиот пченичен леб од линијата лебови на парчиња е со путер и ванила, збогатен со нутритивни елементи, како калциум, железо и витамин Д, посебно потребни за децата во раст и развој.Особено нѝ е драго што овој пат новитетот кој го создадовме е за нашите најмлади консументи. Лебот е инспириран токму од нив и по нивни преференции. Секоја новина во „Жито лукс“ е одговор на потребите на купувачите и соодветно новите трендови во исхраната, а денешниот начин на живот бара храна со зголемена нутритивна вредност, и истовремено оброци кои се лесни и брзи за подготовка, соопштија од „Жито лукс“.

Тости со збогатениот состав е оброк со хранливи материи, неопходни за развојот на децата. Калциумот и витаминот Д се потребни за подобрување на цврстината на коските, железото придонесува за нормален когнитивен развој, а витаминот Д го подобрува функционирањето на имунолошкиот систем кај децата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...