Македонија

Производите на Sunday на јапонскиот пазар

26 Mar 2021

Фирмата „Колид С-Тим” со својот бренд Sunday од овој април ќе биде присутна на јапонскиот пазар каде што локалните потрошувачи ќе имаат можност да уживаат во вкусовите на македонските колачи.

Како еден од најголемите производители на традиционални и сирупирани слатки во Европа, овој пат „Колид С-Тим” го отвара азискиот пазар преку Јапонија, каде што успеа да ги задоволи високите критетиуми за квалитет и да одговори на побарувањата за стандардизација кои важат за едни од најстрогите пазари во светот. Производите ќе бидат пакувани во специјално приспособени амбалажи со најсовремени стандарди кои гарантираат дека Sunday ќе биде рамо до рамо со светски познати имиња во категоријата.

Покрај Јапонија како најнова дестинација за Sunday менаџментот е во последна фаза од преговори за пласман на производите и во Индија која што е исто така голем предизвик за производителите од овој регион. Тоа се пазари со специфични барања на кои што мораме соодветно да одговориме доколку сакаме да постигнеме успех. Нашите производи се веќе присутни во најголемите продажни синџири низ Европа, Австралија, Америка и Канада, но сепак азиските земји се со огромен потенцијал и вниманието на менаџментот и тимот за истражување и развој во послениот период го насочивме во таа насока. Се надеваме дека со Јапонија ќе ни се отвори патот кон далечниот исток и македонскиот квалитет ќе биде препознаен насекаде во светот, вели генералниот менаџер на „Колид С-Тим”, Душко Стојков.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...