Институтот за стратешки истражувања и едукација (ИСИЕ) промовираше нова мобилна апликација за заштита на правата на потрошувачите – Potrosuvaci MK. Апликацијата е достапна на македонски и албански јазик.
Покрај апликацијата, беше презентиран и Извештајот од мониторингот на седумте клучните институции за заштита на правата на потрошувачите.
Претставникот на ИСИЕ Дарко Спасевски, кој ги промовираше клучните наоди од спроведениот мониторинг, ја нагласи потребата од континуирано градење на капацитетите и обуката на човечките ресурси како и поголемо учество на граѓанскиот сектор во овие институции.
Од страна на претставничката на Секретаријатот за европски прашања Кристина Коневска-Беровска беше нагалсена важноста на заштитата на потрошувачите во претпристапните преговори со ЕУ.
Според претставничката на проектот „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија”, Шерифе Исмаили-Касапи, заштитата на правата на потрошувачите во ЕУ се врпи преку заштита на нивните економски интереси и со постојано едуцирање на граѓаните. Таа смета дека со хармонизацијата на домашното законодавство со она на Европската унија, земјава ќе се доближи до ЕУ стандардите за заштита на правата на потрошувачите.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.