Македонија

Македонија го презема претседавањето со ЦЕФТА

19 Feb 2021

Македонија оваа година ќе претседава со Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА). Амбасадорот на Европската Унија (ЕУ), Дејвид Гир и министерот за економија Крешник Бектеши, денеска ќе ги презентираат приоритетите за ЦЕФТА за 2021 година под претседателство на земјава.

Преземањето на водството во спроведување на приоритетните активности се планира да се изврши преку Акцискиот план на Заеднички регионален пазар за периодот 2021-2024, усвоен за време на Самитот во Софија во ноември лани што беше поддржан од Европската комисија.

Клучните цели на претседателството на Македонија се поддршка на економското закрепнување по кризата со Ковид-19, привлекување на инвестиции и зголемена трговија во регионот и подобар просперитет на граѓаните во Западен Балкан. Ова ќе се постигне преку олеснување на трговијата со стоки и услуги и создавање на регион без мерки и пречки што ја попречуваат трговијата.

Овој процес се надоврзува на регионалната економска област што е иницирана во рамки на Берлинскиот процес и составен дел е од Економскиот инвестициски план (ЕИП) на ЕУ за Западен Балкан. Преку ЕИП се става силен акцент за градење на заеднички регионален пазар како начин за зголемување на конкурентноста на Западен Балкан. Заедничкиот регионален пазар претставува чекор поблиску до потесно интегрирање на Западен Балкан со единствениот пазар на ЕУ уште пред формалното пристапување.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...