Македонија

Поволност за компаниите кои ќе исплатат К-15 повисок од минималниот

16 Feb 2021

Компаниите кои годинава на своите работници ќе им исплатат регрес (К-15) во висина над минимално утврдената, односно повисока од 40 проценти од просекот на трите последни објавени републички плати, ќе бидат ослободени од плаќање данок за тие средства.

Оваа мерка беше соопштена од премиерот Зоран Заев на денешната владина прес-конференција како дел од петтиот сет на економски мерки за помош на стопанството со кои ќе се премине во фаза на економско закрепнување од последиците од ковид кризата.

Мерките се распределени во распоредени во четири главни столба: директна финансиска поддршка за компаниите во туризмот, занаетчиството, угостителството, транспортот, индустријата за организација на настани со цел задржување на работните места, финансиска поддршка за ликвидноста на приватниот сектор со бескаматни кредити со неповратна компонента, креирање поповолно деловно опкружување со системско редефинирање на Царинскиот тарифник, намалување на парафискалните давачки, даночно олеснување и одложување кај неколку јавни давачки, како и директна помош за граѓанитесе опфатени сите сектори кои беа погодени од пандемијата.Компаниите ќе можат да одбера дали ќе земат субвенции за плата или кредити за развој, кредити преку развојната банка, а ќе бидат помогнати и занаетчиите, спортистите, тутунарите и граѓаните кои имаат долгови кон јавните претпријатија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...