Во буџетот се обезбедени 50 милиони евра за реализација на петтиот пакет на економски мерки на владата како поддршка на граѓаните и компаниите во време на пандемија на ковид-19, најави министерот за економија, Крешник Бектеши во емисијата „24 Анализа“ на ТВ24.
Имаме обезбедено 50 милиони евра и моментно ги дизајнираме мерките. Тие ќе бидат секторски таргетирани каде имало поголемо влијание од ковид-19 и тоа ќе го направиме заедно со Стопанските комори на сите засегнат страни. За кратко време ќе имаме состаноци и во рамки на владата имаме јавно-приватни состаноци во кои се вклучени сите стопански комори, најави Бектеши.
Според Бектеши, удел во динамиката за заздравување на економијата ќе има и вакцинацијата. Власта, како што истакна, ќе ги собере сите предлози и на почетокот на февруари би требало да биде познато како ќе бидат дизајнирани мерките од петтиот пакет.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.