На 10 FMCG Summit, Методија Христовски, менаџер за логистика во Nelt ST, ќе биде говорник на тема: Дигитализација на процесот на испорака на роба.
Клучниот аспект на оваа трансформација е елиминирањето на хартиената форма на фактурите и корективните документи кои досега ја следеа робата или настануваа при самата испорака. Сега, сите тие детали се управуваат во реално време преку таблетите што ги носат нашите доставувачи. Секое неопходно коригирање се прави при самата испорака за време на процесот на проверка на количини, а на крајот двете страни ги потврдуваат деталите во таблетот. Така финализираните податоци се испраќаат во Нелтовиот систем каде што се генерираат фактурите во дигитална форма врз основа на реално примените количини кај купувачот.
Eкспертиза на Христовски опфаќа управување со синџирот на снабдување и имплементација на различни системи и технологии кои се составен дел од секојдневното работење на компанијата: SAP, Системите за управување со магацин (WMS GOLD), Систем за динамично рутирање на доставните возила (Sky Track), EDI размена на податоци и Дигитализација на процесот на испораки меѓу позначајните. Тој е носител на MBA титули од Универзитетот во Шефилд и Машинскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, комбинирајќи технички знаења со стратешко лидерство.
Во текот на својата кариера, Методија успешно водел проекти со висок импакт, вклучувајќи ја сертификацијата на Nelt ST како Овластен Економски Оператор, отворањето на крос-док локации, како и инсталација на фотоволтаичен систем на покривот на објектите, демонстрирајќи посветеност кон оперативна ефикасност и одржливост.
Дополнително, Методија го споделува своето знаење на бројни настани, вклучувајќи предавања и самити, што го прави препознатлив глас во секторот за логистика.
Резервирајте го 31 октомври и проследете ги најдобрите говорници од земјата, регионот и од светот
КОТИЗАЦИИ
1 учесник – 199 евра
2 до 3 учесници од компанија – 189 евра по лице
4 до 6 учесници од компанија – 179 евра по лице
За 7 и повеќе учесници од компанија – 169 евра по лице
*Цените се без ДДВ
Цената за котизација вклучува следење на сите предавања, ручек и кафе пауза за едно лице.
ПРИЈАВИ И КОНТАКТ
info@fmcg-summit.mk
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.