Најголемиот британски трговски синџир, „Теско“, воведе невообичаен новитет за своите купувачи.
Трговецот покрена проект чија цел е да го намали фрлањето пластична амбалажа. Затоа, им овозможува на муштериите да дополнат продукти купени во пакување за повеќекратна употреба, како што се сокови, јогурт, кечап и слично.
Првично, дополнувањето е можно само по пат на онлајн нарачки. Ако Британците добро реагираат на овој проект, постапката ќе биде можна и во физичките продавници, пренесоа британските медиуми.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.