Актуелно

„Бамби“ им даде подароци на вработените во продавниците

05 May 2020

Компанијата „Бамби“ обезбеди подароци и писма со благодарност за вработените во продавниците, со кои соработува компанијата.

Претставници на дирекцијата за продажба во „Бамби“ изразиле желба да им се заблагодарат на сите што им помагаат на граѓаните за, колку-толку, животот да тече нормално. Како што се наведува на сајтот на „Бамби“, благодарноста е упатена до сите продавачки и продавачи во трговските објекти со кои соработува компанијата.

Нашите колеги во продавниците, кои во претходниот период работеа многу пожртвувано и со огромни сили,  одлично ја прифатија оваа акција, соопштија од „Бамби“.

Досега се поделени 7.000 подароци во речиси 3.000 објекти низ цела Србија. Планот е до крајот на акцијата да бидат посетени речиси 5.000 продавници и да бидат поделени 12.000 подароци.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...