Актуелно

Селма Кадиќ - Маглајлиќ на тема: In B2B sales, the buyer has the power

09 Oct 2024

„In B2B sales, the buyer has the power“ е темата за која ќе говори  Селма Кадиќ – Маглајлиќ на 10 FMCG Summit кој ќе се одржи на 31 октомври во „Александар Палас“.

Селма Кадиќ-Маглајлиќ е вонреден професор по маркетинг на бизнис школата во Копенхаген. Пред да се посвети на академската кариера, работела во индустријата за автомобили, забава и медиуми. Таа со својата експертиза им помага на компаниите да ги подобрат своите продажни стратегии со детална анализа на податоците.

Нејзините истражувања се објавени во бројни меѓународни списанија и се споделени во регионалните медиуми. Селма е признат едукатор и тренер, а исто така и експерт за развој на продажни стратегии.

“In B2B sales, the buyer has the power” е увид за тоа како B2B менаџерите за набавка сè повеќе го контролираат процесот на продажба. Некои студии сугерираат дека B2B купувачите имаат поминато 57% од патот пред воопшто да почнат активно да се ангажираат во процесите на преговори. B2B купувачите преферираат self-service и дигитални канали, како што се веб сајт и апликации, додека традиционалните методи како што се интеракциите лице во лице стануваат се помалку релевантни. И покрај подемот на cold calling и cold e-mail, негувањето на комбинираните комуникациски методи сеуште носи добри резултати. Презентацијата потенцира и како AI  ја попречува продажбата - преку автоматизираните интеракции, профилирањете на клиенти, процесот на анализа на емоционалниот тон на пораките.

Резервирајте го 31 октомври и проследете ги најдобрите говорници од земјата, регионот и од светот

 

КОТИЗАЦИИ

1 учесник – 199 евра

2 до 3 учесници од компанија – 189 евра по лице

4 до 6 учесници од компанија – 179 евра по лице

За 7 и повеќе учесници од компанија – 169 евра по лице

*Цените се без ДДВ

 

Цената за котизација вклучува следење на сите предавања, ручек и  кафе пауза за едно лице.

ПРИЈАВИ И КОНТАКТ

info@fmcg-summit.mk



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...